
Интервју со Анка Јоана Јонеску: ЕБОР ќе ја поддржи Македонија за клучни проекти
Спроведувањето на Договорот од Преспа е многу важно за Македонија и за макро-стабилноста на земјата, смета Анка Јоана Јонеску, претставничката на Европската банка за обнова и развој. Во наредната година ЕБОР очекува инвестициите во Македонија да изнесуваат до 200 милиони евра годишно во инфраструктурни проекти, како и за зајакнување на конкурентноста на македонските компании на европскиот пазар. Македонија од ЕБОР може да очекува финансиска и техничка поддршка кога ќе се отворат пристапните преговори со ЕУ, а со тоа и пристапот до европските фондови, откри Јонеску во интервјуто за Телма.
„Во смисла на инвестициите на ЕБОР во Македонија ние сме многу наклонети да покажеме дека ние ја поддржуваме определбата на Македонија и Грција за нормализирање на односите и во основа сакаме да инвестираме во јавни проекти како гасоводната мрежа, коридорите со патишта и железници затоа ние сме меѓу водечките инвестициски институции и затоа силно го поддржувамe Договорот од Преспа од инвестициски аспект“, истакна Јонеску.
Од круцијално значење е и развојот на приватниот сектор со креирање на макро-економска стабилност, обезбедување пристап до финансии за локалните компании и поттикнување на инвестиции во модерни технологии и иновации.
„Од круцијално значење е и развојот на приватниот сектор со креирање на макро-економска стабилност, обезбедување пристап до финансии за локалните компании и поттикнување на инвестиции во модерни технологии и иновации“, вели Јонеску.
Христијан Станоевиќ