
Интересот за органско производство кај земјоделци е се уште на ниско ниво
Интересот за органско производство кај македонските земјоделци е се уште на ниско ниво, иако субвенциите се двојно поголеми отколку кај конвенционалното, а и кај населението расте свеста за здрава храна. Во Македонија има само околу 1000 сертифицирани производители, а оние со поголемо искуство велат дека органското производство бара голем труд, но може да биде профитабилно.
-Како што гледавме дека се бара мед почнавме да го прошируваме пчеларникот, сега имаме 350 пчелни семејства, работиме органски на повќе локации, сите околу Пелистер, рече Благој Јовчевски, производител на мед.
-Ова е техника и технологија која бара многу време за да се изработи, биеното сирење е едно од најтешките сирења за производство, вели Илчо Даскаловски, сточар.
Сепак најголем проблем е неинформираноста и неедуцираноста на земјоделците за производство на здрава храна, но недостига и кадар за поинтензивни советодавни услуги
– Консултатнтскиот дел во Македонија е многу слаб во органското производтсво и давањето совети, тое е многу слабо. Се обидуваме да ги поврзуваме почетниците со оние кои што се понапредни за да можат да си споделат совети и за да можат да настапата заеднички на пазарот, вели Горан Колев, претставник на сертификациско тело.
За да бидат сигурни дали купуваат органска храна, едукација е потребна и за потрошувачите. Задолжително на производот треба да има етикета со лого за органско производство и кое сертификациско тело го издало сертификатот.
-И двете сертификациски тела се достпани секогаш за потрошувачите да прашаат дали тој и тој производител е сертифициран и го има во нашите листи. До колку го има во ред, доколку не тогаш станува збор за фалсификат, вели Колев.
Органската храна треба да се произведува на строго контролиран начин, на здрава земја, се навонува со чиста вода, а од употреба се исфрлаат тешките хемиски средтства. Надлежните велат дека најмалку еднаш годишно се прават контроли дали производителите ги почитуваат стандардите и законската регулатива.
Емилија Мисирлиевска