
Интензивна недела за преговорите
Конечен договор за решавање на „македонскиот проблем“ се очекува на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, планирана за 17 мај на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.
Како што објавуваат грчките медиуми Заев и Ципрас имаат „отворена телефонска линија“, иако разговорите и контактите не се објавуваат.
А во петок шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас ќе седнат на иста маса во Сунио во близина на Атина во рамки на министерскиот состанокот. За в сабота е закажан состанок со медијаторот Нимиц, по тој во Виена, кој се одржа на 25 април, но од кој и Димтров и Коѕијас, а и самиот Нимиц излегоа без детали за разговараното.
Како спорно останува и прашањето за Уставот, инстирирањето на грчката страна да се смени Уставот на земјата и инстистирањето на македонската страна сето тоа да се реши со меѓународен договор.
Македонија се надева дека прашањето за името ќе се реши до самитот на ЕУ во јуни од кој очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на јулскиот самит на НАТО.