
Институт за човекови права: Судскиот совет се уште не презел конкретни дејствија по извештаите на СЈО и за АКМИС-от
Иако до Судскиот совет, уште во декември 2017 година беше доставен Извештајот за (зло)употреба на АКМИС-от, изготвен од независна работна група која ги направи потребните истражувања, сепак, не се видиливи какви било преземени дејствија од Судскиот совет, со цел утврдување и отстранување на неправилности, пишува во последниот извештај на Институтот за човекови права од мониторингот на работата на судскиот совет. Се констатира и дека советот не презел ниту едно дејствие за да ја заштити независноста на судството ниту по извештајот на СЈО во кој неколку судии јавно, со име и презиме, беа посочени дека ја извршувале судиската функција без морален интегритет.
Институтот за човекови права денеска презенитраше и мобилна апликација Судскиот совет под лупа како дел од проектот Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет.