
Инспекторите ќе чешлаат документи и примероци и ќе бараат пропусти во лекувањето на Ибрахим
Здрравствените инспектори ќе проверуваат дали докторот Крсто Митаноски ги имал сите документи потребни за да работи неговата ординација и во неа да се лекуваат луѓе. Сега таа е под клуч одредено време. Ја затворија од Државниот санитарен инспекторат, затоа што во неа беше опериран Булент Ибрахим кој почина три дена по рутинска интервенција за хемороиди.
Докторот Ѕвонко Николовски добил забрана да прави интервенции надвор од својата ординација Јанита која се наоѓа во Карпош 4. Инспекторите сакаат да дознаат дали тој имал валиден договор со доктор Митаноски, за да ја изнајмува неговата операциона сала и таму да оперира луѓе.
ДСЗИ денес му кажале на министерот за здравство Филипче дека треба да формира комисија. Ќе ги проверуваат документите, а чекаат да имаат и примероци кои ќе се анализираат во лабораторија. Ќе седнат на маса стручните лица и докторите и ќе се потрудат да откријат што е причината за смртта на 37 годишниот Булент Ибрахим.
Петар Догов