Инспекторатите преполни со административци

Државата е во голем минус со инспектори, но со дебел плус на административци по инспекторатите. За да се пополни дупката, се размислува како дел од искусните вработени, да се дообучат и да станат инспектори.

Се бара решение и за недостигот од вработени во ДИК, во пресрет на изборите.

На денешната средба со претставниците од Стпанските комори и синдикатите, се побарани анализи за превработеноста во администрацијата и начините, како би можел да се реши проблемот. Се разгледувале пет можни фази, како вработување во приватен сектор, а придонесите да ги плаќа државата, преквалификација на државен трошок, своеволно заминување со отпремнина и преквалификување за внатрешни потреби.

Далиборка Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ