
Иновативност во време на корона- виртуелни прошетки низ туристичките места
Кога корона кризата им нанесе удар, иновативноста е единствен начин да заработат, зашто како училиште за странски јазици во овие месеци немаа приходи, бидејќи и кај нив не се одржува наставата. Пегасус ЕЛС од Тетово, иако подолго време работи на воведување на дигитални алатки во наставата сепак наиде на потешкотии, особено со најмалите деца, додека на средношколците им понудија настава од забавен карактер, при што ќе научат повеќе за другите култури и земји. Еден од сопствениците, Перо Сарџоски, со идеја за да организира виртуелни прошетки низ туристичките места. Ова е моментално единствениот приход, со оглед на тоа дека доаѓаат летните месеци, период кој е непрофитабилен за приватните уличишта.
Со оглед на тоа дека во училиштето има вработено 5 професори, владина мерка за минимална плата е добредојдена, но не е долгорочно решение, вели Сарџоски.
Од септември планираат да понудат скратена забрзана програма за учениците, за да се надомести загубеното, како и да ги обучат родителите на помалите деца за онлајн настава, за да бидат подготвени ако се повтори сегашната ситуација.
Даниела Билбиловска