
Иницијативата Ретвитни оброк готви по 200-ти пат
Иницијативата “Ретвитни оброк” денеска готват за бездомници и гладни луѓе во Скопје по двестети пат. На почетокот организирани преку социјалната мрежа твитер и готвејки во домашни услови, со скромна бројка на оброци, денес тие можат да се пофалат со околу 200 оброци кои секоја сабота ги делат на бездомниците и на оние кои што не можат да си обезбедат оброк. Мила Тасевска е од самите почетоци на оваа иницијатива и вели дека таа воопшто не им претставува напор и обврска, за почеток е потребно само желба да се помогне на некого.
Со тек на време, тие имаат јадро од луѓе кои се константно вклучени во готвењето и делењето на оброците, но велат дека секојдневно имаат нови заинтеересирани да се приклучат кон оваа нивна благородна мисија.
Досега иницијативата Ретвитни оброк има зготвено околу 3000 топли оброци.
Јордан Дуков