Иницијатива за прогласување на Јабланица за национален парк

Седум месни заедници од населените места на планината Јабланица, струшко, и еколошки здруженија, покренаа иницијатива за донесување закон за прогласување на ова природно богатство за национален парк. На овој начин според нив, единствено е можно трајна и оджлива заштита на раритетните геоморфолошки карактериститки и биолошката разновидност на Јабланица и спречување на натамошното трајно уништување на нејзините природни и културни богатства со неконтролирана експлоатација.

Иницијатавата за донесување Закон за прогласување на Јабланица за НП денеска ја потпишаа градоначалниците на Струга и Вевчани, Рамиз Мерко и Сашо Јанкоски, по што согласно процедурата, таа ќе биде доставена до Министерството за животна средина.

Иницијативата е поддржана од НП „Шебеник“ на албанската страна на планината Јабланица“ кој од 2008 година е заштитено подрачје.

„Само со заеднички сили можеме да го заштитиме и зачуваме богатиот и разновиден биодиверзитет на Јабланица“.

Планината Јалбаница располага со исклучителни  вредности, четири глацијални езера, пет циркови, фосилни карпести глечери, камени реки и полигонални почви кои ги има уште само во високите планини на Мароко и Либан. Богата е со  дабови, букови и шуми со молика,  има 1250 видови папрати, цветни растенија од кои 9 видови се на листа на загрозени видови, како и многуброен дивеч  и раритетен жив свет.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ