Ин Мемориам – проф. Живко Мадевски

Во Скопје почина Живко Мадевски, еден од првите професори на Природно-математички факултет на УКИМ, негов декан и иницијатор за формирањето на студии по информатика. Тој изведувал наставата по теориска механика, аналитичка геометрија, линеарна алгебра, а повремено гостувал како наставник на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје.  Бил извонреден методичар, дидактичар, педагог, автор или коавтор на повеќе учебници за сите три степени на образование.

Добитник е на престижната награда “Св. Климент Охридски“.

Како Претседател на Асоцијацијата на математичари Проф. Мадевски посебно се грижел за напредокот на талетираните во оваа научна дисциплина, како и развивањето афинитети кон новите информатички науки. Меѓу наставниците и студентите важел за исклучително толерантен и грижлив колега.

Погребот на проф. Живко Мадевски е во среда на градските гробишта во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ