
Имотот на националниот сервис под залог за кредит кој директорот Цветковски го подигнал на своја рака, МРТВ демантира
Марјан Цветковски, директор на националниот сервис МРТВ, е осомничен дека го заложил целупокниот имот на куќата за да подигне кредит од домашна банка. Одлуката ја донел на своја рака без како што законот предвидува да се консултира со Собранието кое е основач и сопственик на сервисот. Финансиската полиција денеска поднесе кривична пријава против него но и против нотарката која го заверила договорот за кредит. Истрагата на финансова утврдила дека заложениот имот е двојно поголем од кредитот од 140 милиони денари кој бил подигнат, а дел парите, 30 милиони денари, веднаш ги уплатил на истата банка која го откупила долгот на МРТВ кон БЕГ.
Од МРТВ преку соопштенија ја демантираа финансовата полиција и тврдат дека работеле според закон а одлуката за кредит ја донел Надзорниот одбор.
Ја известуваме јавноста дека постапката за кредитот е согласно сите законски процедури и средствата од истиот се наменски искористени. Во изминатиот период додека е овој менаџерски тим МРТ исклучиво работи согласно законите во државата. Впрочем тоа е констатирано во повеќе ревизорски извештаи од меѓународни ревизорски куќи и Државниот завод за ревизија.
Во вториот случај кој денеска го откри директорот на финансова, Арафат Муареми, станува збор за финансиски криминал вреден околу 8 милијарди денари или 130 милиони евра каде се вмешани шестмина поранешни претседатели на Управниот одбор на ТЕ – ТО, дел од нив и странски државјани. За овој случај веќе се води истрага и во Русија.
Првоосомничен е претседателот на Управниот одбор Вадим. М. кој минатата година предизвикал предизвикал лажен стечај со што ги оштетил доверителите акционерите за 721 милиони денари но и Топлофикација, која поради нивните криминални дејства останал пократка за 118 милиони евра.
Финансиската полиција го истражувала и работењето на долгогодишниот в.д. директор на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемеди, кој заедно со уште две лица од Институтот е осомничен дека предизвикал штета од околу 40 милиони денари. Во периодот од 2010 до 2017 година тие дозволиле стотици побараувања на Институтот кон правни и физички лица да застарат и потоа да не може да се наплатат.
Мареми соопшти дека од почетокот на годината управата поднела 28 кривични пријави против 51 физичко лице и 28 фирми за сотрени 48 кривични дела со кои Буџетот на државата е оштетен за над 8 милијарди денари.
Огнен Чанчаревиќ