
Името на МАНУ ќе се менува
Името на МАНУ ќе се менува. Треба да се одлучи дали ќе биде „Национална академија на науките и уметностите“, или ќе се додаде додавката, на Северна Македонија.
Премиерот Зоран Заев изјави дека разговорите за преименувањето на МАНУ, течат добро. Преименувањето ќе се случи, вели Заев, и додава дека е многу важно како е регистрарана Академијата секаде низ светот и, како што кажа, пријателите од Грција тоа да не го спорат. Во меѓувреме се работи на преименување на 136 државни институции, според одлуката на владата донесена на последната седница во вторникот.