Има сериозни оперативни сознанија за разбојниците-убијци, тврди министерот Чулев

Министерот не открива детали во интерес на истрагата за крвавиот грабеж во казиното Вегас на Качанички пат во саботата рано наутро.

-Имаме сериозни сознанија, истрагата напредува, беше краткиот одговор на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Веднаш по пријавата вршени се проверки на околината и на патиштата кои водат кон Скопје и кон косовската граница но не се најдени траги од 4-члената вооружена група.

На казиното немало надворешни камери туку само камери во внатрешноста преку кои се бараат детали за ограбувачите. Разбојниците добро го знаеле и го набљудувале ограбеното казино и автомобилот за бегство го оставиле во близина каде било темница. Во казиното стигнале пешки, а покрај 10 илјади евра убија двајца.

Во грабежот беа убиени гостин на казиното од Косово кој бегал и припадник на обезбедувањето. И двете жртви се на возраст од 20-тина години. Убиениот обезбедувач на казиното бил професионален борач и припадник на АРМ.

Засега нема информации дали разбојничката група е поврзана со претходни оружени разбојништва врз експозитури на банки и кладилници кои се случија во Скопје во изминатиот период.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ