Има настрадани во сообраќајката на патот Скопје-Тетово

Има настрадани во сообраќајната несреча која се случи околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци во која се преврте автобус.

Како што јави репортерот на Телма, Билјана Николовска, меѓу повредените има и лица со потешки повреди, а на месото несреќата има десетина амбулантни возила.

Полицијата се уште не ги потврдува информациите за точната бројка на настрадани, но се шпекулира дека има и жртви и тешко повредени.

Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума. Автобусот кој излетал од автопатот и се превртел е на компнаијата Дурмо Турс.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ