
Има ли случај „Прилепска болница“?
Според опозициската партија, се работи за политички притисок врз нововработени во оваа здравствена институција, од кои се очекува да обезбедат гласови за власта на претседателските избори.
СДСМ не гледа никакви злоупотреби или незаконски активности. Не станува збор за уцени, закани или условувања со работно место, туку за вообичаени партиски активности надвор од работното време.
Вчера, ВМРО ДПМНЕ објави аудио-снимки со тврдење дека Талевски и министерот Горан Сугарески се инволвирани во случај на политички притисок врз вработени во болницата во предизборен период.
Велат дека снимките им биле доставени од граѓани што не веруваат во судскиот систем. И ВМРО ДПМНЕ нема да ги достави до Обвинителството, но очекува тоа самото да пројави интерес и да го процесуира овој случај.
Соња Николовска