Има ли параполициски структури во ВМРО ДПМНЕ?

МВР располага со извештаи на структури од ВМРО ДПМНЕ кои следат јавни личности, пратеници, политички противници, свои сопартијци, па дури и припадници на МПЦ. Како што објасни министерот Оливер Спасовски, извештаите му биле доставувани на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, а во нив имало информации за средби, проценки и анализи за внатрепартиски и други политички случувања.

Пратеничкото прашање го постави Нола Исмајлоска-Старова. Се сомнева дека во МВР постојат параполициски структури кои следат јавни личности. Потоа, во некои портали се објавуваат полувистини и се загрозува безбедноста на можеби педесетина лица.

Во интерес на истрагата за кривичното дело неовластено снимање и следење, Спасовски не отркива детали. Но, располага со список на лица од секоја јавна институција кои доставувале информации со единствена цел: да му се доближат и додворат на Мицкоски.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ова е измислица на МВР и дека не заслужува коментар. „Свесни сме дека слугите на Заев ова можат да го кажат на говорница, но затоа ги повикуваме да покажат докази, во спротивно партијата ќе преземе мерки за заштита“, гласи првичната реакција на опозициската партија.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ