Илјадници мигранти месечно минуваат низ Македонија, институциите подготвени за можен нов бран

На другиот крај на државата, премиерот Оливер Спасовски тврди дека состојбата е стабилна, нема зголемување на илегални преминувања, но ситуацијата се следи. Вицепремиерката Шекеринска апелира да се престане со дезинформации за мигрантите, а бројките покажуваат дека месечно и по неколку илјади мигранти се згрижени во соодветните македонски центри.

Состојбата стабилна, искуство има, ама непредвидлив е развојот на ситуацијата со евентуален нов бегалско-мигрантски бран. Институциите се подготвени, тврди техничкиот премиер кој беше на другиот крај на државата од претседателот Пендаровски, на северниот излез кај Табановце.

Се разгледуваат неколку сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите во самото жариште во Сирија и Турција, објаснува вицепремиерката и министерка за одбрана откако ја промовираше новата црвено-црна спортска опрема за војниците на АРМ. Физички ќе се подготвуваат, а дел од армиското засилување веќе е на јужната граница каде се проверува и оградата.

Во Црвениот Крст велат дека и нивниот навежбан систем за справување со бегалци и мигранти е активен, првично се подготвени за контакт со 10 илјади мигранти или да сместат 200 луѓе. Бројките на мигранти кои ја минале државната граница се движи и по неколку илјади месечно.

Покрај вербалната подготвеност на институциите, од таму реагираат и апелираат да не се шират лажни вести и дезинформации како например дека на границата кај Битола имало судир со мигранти. За разлика од објавеното на интернет, на преминот беше мирно.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ