
Илјадници евра бонуси за Јанева и обвинителите
Илјадници евра легнале на сметките на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим по основ на додатоци .Катица Јанева во својот мандат добила дополнителни 157 000 евра . Само за 2019 година земала 28 455 евра. 7 месеци си доделувала по 250 000 денари како додаток за доверливост, да не ги открива разговорите од прислушуваните материјали. Според базата „Отворени финансии“ дел од бонусите 400 евра биле за кирија, а по 42 евра надоместотек за работењето надвор од градот.
Додатоците почнале да се доделуваат од 2015. Почнале со 70 000 денари и се зголемувале секоја година . Десет пати земала по 100 000 денари, 11 пати по 140 000 денари. Од октомври 2017 до јули годинава , 22 месеца си доделувала по 4000 евра.
Износот со посебна одлука лично таа го одредувала. Јанева се грижела и за своите соработници. Сите обвинители само во 2019 година земале по дополнителни 17 000 евра, или 7 месци по 150 000 денари. Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Гаврил Бубески, Артан Ајро, Стефчо Донев и Трајче Пеливанов биле наградувани секоја година а најголемите додатоци достигнувале до 181 000 денари.
Дополнителни средства добивале и соработниците, административците и советниците во СЈО. Нивниот износ се движел од 30 000 до 60 000 денари. Додатоците биле исплаќани на различни датуми, некогаш и по два во месецот. Поранешната специјална обвинителка во моментов е во домашен притвор за случајот „Рекет“. Се сомничи за злоупотреба на службената положба,за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев. Судскиот процес стартува на 3 декември.
Јулијана Пешевска