Илинденска Македонија – проба или решение?

“Република Илинденска Македонија“, како предлог за решение на спорот со името од Владата не го потврдуваат. Откако неколку медиуми објавија дека ова име го договориле премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на средбата во Софија, во политичките кругови молк и очекување премиерот Зоран Заев најпрво да ги информира и претседателот на државата и лидерите на политичките партии. Од предлогот затечена е и грчката јавност.  И таму нема официјални реакции, откако е најавено дека премиерот Ципрас утре ќе ги информира политичките лидери што разговарал со Заев во Софија и која опција  за решение е прифатлива и за македонската и за грчката страна за да се стави крај на 25-годишниот спор.

Во грчките медиуми се појави сомневање дека „Република Илинденска Македонија“ можно е да пробен балон и изненадување. Единствено весникот Катимерини, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека Република Илинденска Македонија е предлог на македонската страна и дека бил прифатлив за премиерот Ципрас, ама не и за министерот за надворешни работи Коѕијас. Името „Мацедониоан оф Илинден“, како што го пишува весникот на англиски јазик, наведува и дека сега треба да помине во македонскиот парламент со мнозинство, но и дека ќе важи и за внатрешна и за надворешна употреба што подразбира уставни промени.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ