
Илиевски го објави списокот за Србија и Ерменија
Новиот селектор на младинската репрезентација (21 година) Добринко Илиевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Србија и Ерменија.
„Не очекуваат два натпревари од тековниот квалификациски циклус, против Србија на гостински терен и против Ерменија во Скопје. Ова е подмладен состав на Македонија до 21 година и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа репрезентација. Голем дел од фудбалерите се од генерацијата `99 и помлади и имаа одлични настапи во Елитната фаза квалификации до 19 години, истакна Илиевски.
„Србија е непоразена, односно нема загубено бод во квалификациите и ќе настојува со сите сили да го освои првото место и да се пласира на ЕП. Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто тата големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. Секој освоен бод ќе значи многу за подобрување на пласманот и ќе се обидеме максимално да се подготвиме за натпреварите“, заврши селекторот на Македонија до 21 година.
Македонија првиот собир ќе го има на третти септември, а седми во првиот меч ќе гостува во Србија. Четири дена подоцна (11 септември) ќе и биде домаќин на Ерменија.