Микиќ: Нема потреба од панично прваење на залихи заштитна опрема!

Граѓаните не треба да купуваат непотребно голем број на заштитни маски и ракавици, бидејќи со тоа се црпат залихите и резервите, рече епидемиологот д-р Владимир МИкиќ.

„ Од паничното купување на залихи, вклучувајќи ја и заштитната опрема може да се доведеме во ситуација здравствените работници да останат без маски и ракавици. Толку се капацитетите. Визирите се само за докторите, одлична заштитна опрема е“, рече д-р Микиќ.

Ниту еден од контактите, речиси 200 лица,  на заболената директорка на Клиниката за дерматологија не е заболен.

„Тоа покажува дека вирусот е атипичен“, објасни д-р Миќиќ

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ