Игор Југ и Јане Ченто нема да бараат амнестија

Инаку, судењето за 27 април почна во напната атмосфера, откако во судницата затворската полиција го донесе Игор Југ, кој почна да им вика на обвинетите. Тој заедно со Јане Ченто на судиската Кацарска и рекоа дека нема да поднесат барање за амнестија, бидејќи како што кажаа не го признаваат селективниот закон и бараат за правдата да одлучува суд, а не политички елити. Кацарска им одговори дека таа нема да одлучува за барањата, туку за тоа ќе решава кривичниот совет од судот.

Инаку, денешното рочиште продолжи откако претходно судот дозволи на паузата, одбраната на обвинетиот Митко Чавков да се запознае со дополнителните докази декласифицирани од МВР, бидејќи неговиот адвокат во текот на вчерашниот ден не бил достапен за да му бидат врачени доказите, кои на самиот старт лично на рака му ги достави судиката Кацарска.

Дополнителни докази има одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа. За сега се декласифицирани само доказите на Чавков и на Лазаров, а за другите се чека одговор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ