
Идните првачиња во Општина Центар од понеделник ќе се тестираат според безбедносни протоколи
Изготвени се протоколи за безбеден прием на 550 првачињата во сите основни училишта од Општина Центар. Протолоките вклучуваат дезинфекција на рацете и чевлите на родителите и на идните првачиња, мерење на температурата, ракавици и маски за родителите, дистанца од 2 метри меѓу тестаторите, децата и родителите во текот на тестот. Идните ученици треба од дома да носат боички за тестот. Од образовниот кадар во училиштето „ Коле Неделковски“, кое работеше на протоколите, согласно препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за образование, се надеваат дека овие мерки ќе се применат и во останатите основни училишта во Скопје и државата.
По аплицирањето по електронски пат за упис во прво одделение, за што веќе е изготвен систем во текот на овој месец, на ниво на сите основни училишта во општина Центар, идните првачиња и нивните родители кои во понеделник ќе дојдат пред школските врати, ги очекуваат безбедносни протоколи до кои треба да се придржуваат.
- Најпрво ќе се дезинфицираат чевлите и на ученикот и на родителот . Потоа им се мери телесната температура. Добиваат „ каљачи“ на нозете, им се дезинфицираат рацете и добиваат маски и ракавици родителите- Светлана Масларевска-директорка на ООУ „ Коле Неделковски“.
Потоа во придружба на наставник, децата со родителите се носат на тестирање.
- Самата училница е дезинфицирана пред тестирањето и после секој ученик ќе биде дезинфицирана. Децата си носат од дома боички и фломастери и сето тоа се спроведува на одредена далечина. Родителот седи на одредена далечина , како што е препорачано на 2 метри. Тестаторот исто така е на одредена далечина и сето тоа се прави без да има контакт меѓу тестаторот и ученикот- Светлана Масларевска- директорка на ООУ„ Коле Неделковски “.
Доколку децата заборавиле боици од дома, ќе добијат од училиштето , но тие нема да се користат за тестот на следното дете, потенцира Масларевска. Таа се надева дека овие протоколите, направени согласно препораките на КЗБ и МОН, ќе се применат и во други училишта во Скопје и државата.
Сотир Трајков