Идентитетот како главен аргумент во двете земји против договорот за името

Користењето на идентитетот како главен аргумент против договорот за името  од двете страни на границата е класична перцепција во огледало. Вака психолозите го толкуваат однесувањето на двете засегнати страни, но и на партиите во Македонија кои се во меѓупартиски конфликт.

Во Министерството за надворешни работи, каде се зборуваше за спогодбата, името, идентитетот и јазикот, беше укажано и дека кратенката ФИРОМ никогаш не важела, ниту,пак, била некој вид на име на државата. На почетокот ја немало како име ниту во резолуцијата со која сме примени во Обединетите нации, туку како референца што ќе се користи додека не се договори име, а политичките гарнитури се избориле да се вметне во подоцнежните документи. Сепак, велат, таа не е гаранција за идентитетот, токму напротив.

Државниот секретар на МНР, пак, е убеден дека со заокружување на Договорот за името, трајно ќе се затвори т.н.македонско прашање и ќе бидат исклучени причините за понатамошни непријателства.

На дебатата беше потенцирано и дека, со членството во ЕУ ќе се намалат негативните влијанија и ќе се отворат нови перспективи за државата.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ