Идентификувана третата жртва – возачот приведен

Повреден и приведен. Возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац е под полициско обезбедување во болницата. Во меѓувреме, службите ја идентификуваа и третата жртва. Несреќата не ја преживела и 63-годишна жена од Кавадарци.

Двајца од повредените пак се уште дишат со помош на респиратор, а останатите пацинети се подготвуваат за траспорт во Македонија, информира министерот за здравство Венко Филипче, по последните контакти со неговите српски колеги.

15 од полесно повредените патници сепак го продолжиле патот кон Виена, а четворица се вратиле во Макеодонија. Ова се последните информации на сопстевникот на Еуробус, кој вчера испратил два автобуси да ги земат патниците. Оној со помалку патници тргнал кон Македонија, а другиот кон Виена.

„15тина од вклупно 32 патника во автобусот што се превте кај Лесковац, по средбата со министерот за здравство Венко Филипче,  одлучиле дека се во добра здратсвена состоја  и со еден од автобусите продолжиле за Виена“, кажа Јетон Иштрефи – сопственик на „Еуробус“.

Македонското МНР чека нови детали од истрагата на српските безбедносни органи. Таа треба да открие дали причина за несреќата се лошите временски услови или неприлогадена брзина на возачот од околу 100 км на час. Постојат сомнежи и дека можеби заспал.

Крајната дестинација на превозникот „Еуробус“од струшко Велешта, била Виена, но во неделата околу 2 часот по полноќ во близина на Лесковац излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда. Во несреќата покрај 63-годишната жена од Кавадарци, загинаа и 68-годишна жена од Кочани и 68-годишен маж од крушевско Бучин.

Весна Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ