Идентификувана третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац, возачот во притвор

Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63-годишната В.К од Кавадарци. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.

Во Србија се уште се води истрага за сообраќајната несреќа, а возачот на автобусот со струшки регистарски таблички, е во притвор..

Во несреќата се повредени 32 лица. Шестмина сериозно повредени лица по вчерашната трагична сообраќајна несреќа кај Лесковац се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, а осум полесно повредени се на лекување во болницата во Лесковац.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Охрид изјави дека полесно повредените патници кои се хоспитализирани во Лесковац, се подготвени да бидат пренесени на лекување во Македонија, а нивниот транспорт се договара со српските власти.

Патниците кои се во Ниш, истакна Филипче, се во потешка здравствена состојба и ќе треба подолг временски перод на заздравување и опсервација, двајца се се уште на респираторна машина, но во стабилна состојба.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ