Иако трговците најавија отворање на пазарите по Велигден, зелката останува во нивите

Нема пласман за струмичката зелка. Иако трговците најавија отворање на пазарите по Велигден, зелката останува во нивите. Земјоделците велат дека одат низ селата и бараат пласман, но никој не сака да го откупи целото производство.

Вчера, првпат во неколку денови се забележи благ пораст на цената. Од пет на осум денари за килограм. Откупувачот со пункт во Сарај вели дека не е сигурен дека ќе потрае, бидејќи досегашните увозници ги откажале нарачките.

Трговци, пак , сметаат дека цената што ја одредуваат откупувачите не е реална, туку прениска. Земјоделскиот инспекторат досега не затворил откупни центри поради вакви манипулации. Инспекторатот тврди дека земјоделците треба да ги пријават неправилностите, тие, пак, велат дека инспекторите се во дослух со откупувачите.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ