
И за „Титаник“ на Груевски ќе му се суди во отсуство
И за предметот Титаник на СЈО на бегалецот и поранешен премиер Никола Груевски ќе му се суди во отсуство. Така одлучи судијата на барање на СЈО. Барањето на адвокатот на Груевски да се раздвои постапката за него, судијата не го прифати. СЈО побара и притвор за Груевски, за што судијата дополнително ќе одлучи. Во предметот Титаник, обвинети се Миле Јанкиески и Кирил Божиновски кои беа донесени на денешното рочиште.
Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.