И во 2019-та продолжуваат нападите врз новинарите

Новинарските здруженија пишуваат и реагираат, а владините претставници говорат на светскиот ден на слободата на медиумите 3-ти мај. Закани, навреди, клевети, нерасветлени инциденти и напади врз новинари. Долга е листата на кривични и прекршочни дела сторени врз новинари и во 2019-та, констатираат и бараат одговорност новинарските здруженија

Го повикуваме Основното јавно обвинителство и судовите да ги обработат и доведат до завршница случаите на повреда на правата на новинарите, како и случаите на говор на омраза, со цел да се надмине долгогодишната пракса на неказнивост, спречувајќи ја на тој начин неправдата кон новинарската и медиумската заедница, велат од ЗНМ.

Според владините функционери за време на оваа влада не се напаѓаат новинари. За дел од изминатите 60 инциденти од 2013-та до 2018-та не постојат докази, затоа не можат да се расветлат, вели министерот за информатичко општество.

Македонија го промени името на веб страницата, направи скок од 14 места, но и во 2019-та влезе во друштво со земјите со жолта боја: Либерија и Мавританија на картата на „репортери без граници“. Се уште со големи букви пишува дека лошото 95-то место се должи на нереформираниот јавен сервис, кој му служи на сега опозициската конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ, реформа која владата ја најавува повеќе од 2 години.

Владата никогаш нема да се меша во работата на медиумите, а условите во кои работат новинарите се под нивото, е заклучокот на  минситерот задолжен за комуникации и отчетност, Роберт Поповски.

Законот за аудиовизуелни услуги по 8 месеци преработки помина во Собранието минатиот декември, а медиумските работници се уште од него ја чекаат примената на решавањето на долгогодишната пиратерија во Македонија, при што се реемитуваа регионални и други странски канали кои за поголем дел од својата програма, особено филмската, немаа ТВ права за Македонија. Поповски, не крие дека владата преговара со регионалните и локаланите медиуми за финансиска поддршка, на што новинарските здруженија и синдикато предурпедуваат на нов владата да продолжи се меша во работата на финансираните медиуми.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ