И во 2019-та „пинг-понг“ околу бегството на Груевски

Ако таблата за играње е Македонија, топчето Никола Груевски, тогаш играта меѓу надлежните институции продолжува и во 2019-та.  Ја нема одговорноста ниту се знае начинот на кој тој пребега во Унгарија. Одговорите кои јавноста ги чека од Ноември месец минатата година остануваат неодговорени. Првиот човек на полицијата  препушта обвинителката Вилма Русковска да ги најде виновниците за бегството на Груевски.

Колку бегството на Груевски влијеше врз рејтингот на министерот Спасовски за претседателски кандидат останува партиска тајна. Самиот тој вели дека вели дека имал уште многу незавршени работи во полицијата, неодговрајќи директн одал исе вклопува во коалицискиот модел за консензуален претседател.

Обвинителството вети детали од истрагата, но и таму ја дочекаа 2019-та со молк. Ги добиле снимките од безбдносните камери од Црна Гора, но сеуште ги прегледуваат. И Груевски прегледува нешто во својот мобилен во луксузен хотел во Будимпешта предновогодишно ,иако и тој молчи на социјалните мрежи. Молчи и специјалното обвинителство кое го гонеше и доби на суд. Молчи судот, којшто постбегството му одреди притвор за „Титаник“. Молчат и адвокатите. Но, не молчи премиерот Зоран Заев којшто последно се соменава дека лидерот на опзицијата Христијан Мицковски го трасирал патот на бегството, преку Вуциќ во Србија до Орбан во Унгарија.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ