
И власта и опозицијата велат дека ќе ги спроведат препораките на Могерини
СДСМ смета дека пораките од Могерини и Хан мора да се реализираат а законите да се имплементираат. На средбата со Хан на пратениците им биле пренесени забелешки околу носењето закони по скратена постапка со што на Собранието му се оневозможува да ја има контролната и надзорна улога.
На иницијатива на СДСМ од наредната седница за пратенички прашања, премиерот и министрите за време на паузите ќе бидат достапни за сите пратеници со цел да се овозможи неформална и дирекна комуникација за одредени проблеми.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. Мицкоски изразил загриженост за економската ситуација, корупцијата и притисоците кои им се вршат.
„Политичкиот терор е широко застапен , и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокотна демократски амбиент е сериозен предизвик кои државата ја уназадуваат во повеќе сфери“, вели Мицкоски.
Од ВВМРО-ДПМНЕ велат дека тие ќе дадат значаен приднес за имплементација на реформските закаони а ќе ги мониторираат сите процеси за надминување на нотираните забелешки во извештајот на ЕК.
Јулијана Пешевска