
И Тодоров без полициско обезбедување, а доби Мицкоски
По, Сашо Мијалков, без полициско обезбедување остана и поранешениот министер за здравство Никола Тодоров. За Телма телевизија од МВР информираат дека изминативе денови процениле и донеле одлука дека нема повеќе потреба овие двајца поранешни функционери да ги пратат полицајци од 6-тата Управа на министерството.
„По, извршени безбедносни проценки дека на двајцата пораншени функционери и нивните семејства не им се заканува никаква опасност, ниту се соочуваат со безбедносен ризик и опасност по нивниот живот донесена е одлука да им се укине 24-часовното обезбедување“, соопштија од МВР.
Од денеска и офицјлано ниту еден полицаец не задолжен за обезбедување на поранешен функционер во министерството за внатрешни работи. До почекот на август без обезбдување од истите наведени причини останале и пораншените началници и екс директорот Владимир Атанасовски. Сепак, МВР не открива за јавноста како е донесена проценката да се укине обезбедувањето за порнашениот миниситер за здравство Никола Тодоров. Тој е единствениот кој по заминувањео од функцијата се соочи со обид за убиство, а кон него куршум дедото на Тамара Стојановска која почина од болест на рбетот. Пукачот Љупчо Стојановски е без малку една година во притвор, а пред неполн месец доби затворска казна од 7,5 години за обид за убиство на Тодоров. Министерството за внатрешени работи се повикува на правилникот во кој пишува дека најмалку 2 години на поранешни функционери им следува 24 надзор. Но, по истокот на овој рок обезбедувањето може да биде продолжено по претходна проценка за бебздносен ризик или лицето само да побара како што пред еден месец побарал и добил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Пзонавачите на законите за полицијата се уверени дека одлуките се носат врз основ на проценки кои некогаш се точни, а некогаш погрешни.
Сашо Мијалков ф-јата директор на УБК ја напушти во 2015-та со неотповиклива оставка, а оттогаш во јавноста се придружуван од полицајци во цивилна облека и препознатливи по нивната физичка подготвеност. Оружјето кое им следи е затскриено во пазувите. Но, ваквата слика во јавноста е лажна бидејќи по истите тие правилници на полицјаците им се врзани рацете во нивните овластувања, вели професор Димовски.
Од бившите функционери на МВР, ексминистерката Гордана Јанкулоска сама се октажа од полициските обезбдувачи. Од пораншените, пак, владини функциоенри единствен со 24 надзор, телесно обебздување во 3 смени останува претходниот премиер Никола Груевски. Според Законот за Влада, којшто претрпе измени во период кога тој беше на власт бившите премиери имаат право на обезбедување и службено возило во времетраeње на извршувањето на функцијата, а во случајот на Груевски тоа е 10 години.
Павле Беловски