
Грција конечно ги призна македонските пасоши
Печатот за влез во Грција од денеска почна да се става во пасошите на македонските граѓани во кои при излез од земјава се втиснува печат дека тој е сопственост на Република Северна Македонија. Листовите на кои до вчера се ставаше печатот за влеза во Грција одат во историја. Пасоши со новото име на државата Република Северна Македонија ќе почнат да се издаваат кон крајот на годината.
Во тој преоден период, при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат, кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија, наведуват од МНР.
За проблемот пак кој го имаат граѓаните при поднесување на документи, по разни основи, во Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, како на приемер за работна виза, студентски престој, или странци кои живеат во земјава, а на кои им треба виза за влез во Грција, а кои во Канцеларијата не им ги примаат поради тоа што на нив се уште стои старото име на државата се уште нема решение.
Странски граѓани кои што се постојано во Македонија и кои што заради нивните потреба да комуницираат преку Канцеларијата за врски, да извадат одреден тип на документ. Значи странски граѓани кои што се носители на лична карта за престој во Македонија. И ова е адресирано и ова ќе биде соодветно решено. Ќе се издава некоја форма на документ во којшто ќе стои дека тој тип на документи е исто така во сопственост на Република Северна Македонија, вели Миле Бошњаковски, портпарол на владата на Северна Македонија.
До стапувањето на сила на Договорот од Преспа праксата од грчката страна била при прием на овие документи на нив да се втиснува печат со името „поранешна југословенска Република Македонија“. Сега печат нема, но се бара од граѓаните документите кои ги доставуваат да бидат со новото име на државата.
Од владата уште пред два дена информираа дека МВР и МНР стапиле во контакт со грчките власти за решавање на ова прашање, но до денеска се уште нема конкретна информација како и кога. Неофицијално Телма дознава дека од страна на македонскотот МНР е испратена нота до грчката страна за овој проблем, но детали за содржината на нотата и дали и каков одговор стигнал од грчката страна се уште нема.
Од МНР за Телма информираат дека овие прашања се разгледуваат во меѓуресорската група за спроведување на Договорот од Преспа и истите се во процес на надминување во рамките на предвидениот преоден период.
Тамара Грнчароска