
И со новиот Закон за урбанистичко планирање државата нема влијание врз тоа што ќе се гради
Долгонајвавуваниот Закон за урбанистичко планирање кој доби зелено светло од владата и влезе во комисиска расправа треба да стави ред во планирањето и узурпирањето на градежнотто земјиште додаде миниситерот и предлагач на законот Горан Сугаревски. Неговото излагање веднаш беше дочекано со критика од експертите и граѓанските организации, а архитектите тврдат дека и во иднина се задржува паралелниот систем за градење.
Со веќе изгласаниот Закон за урбано зеленило, чии одредби за минимално зеленило во урбанистички план не се вметнати во идниот Закон за урбанистичко планирање. Загрижува и просторот кој им се остава на инвеститорите да бираат дали по овој или по законот запостпаување со бесправно изградени објекти ќе водат постапки. Минситерството за транспорт и врски ги изоставило и барањата на граѓанските органзиации.
Мораториумот кој го употреби општина Центар за да го запре издавањето на градежни дозволи за да купи време и да прекрои неколку урбанистички планови со новиот закон добива и ново име. Решението ќе се вика суспендирање на ДУП, но не подолго од една година што исто така беше критикувано од експертите.
Павле Беловски