
И со маски ќе бидеме гласни – порача сојузот на синдикати на денот на трудот
6 часот изутринава бучава ги разбудила жителите на улицата „МАНАПО“ во населбата Карпош. Никој не очекувал дека тајфа работници со градежни машини ќе асфалтираат улица.
Но, ништо не би било невообичаено ако змејата не беше во вонредната состојба, и светот да не го одбележуваше меѓународниот ден на празникот. Дваесетина работници и врвулици од минувачи кои подзастанува и коментираа пред камерата на Телма.
Одговорните на фирмата „Битем“ не креваат на телефон за да објаснат зошто им пречеше камерата на Телма и се обидуваа да ја избркаат новинарската екипа, и зошто токму на 1-мај одлучија ударнички да асфалтираат.
Градот Скопје им дозволил да постават гасоводна мрежа и им оставиле 3 до 4 месеци период на располагање.
Улицата и пред корона вирусот стоела недовршена. Но, каде работодавачите ја „закопаа“ солидарноста особено во кризата со вирусот прашуваат и синдикалците ?
Пандемијата не ги замолчи синдикалците кои борбата за поквалитетени работнички права ја преселија на интернет.
„И со маски ќе бидеме гласни порача сојзуот на синдикати.“ Економските мерки ги оценија како навидум силни, а по синоќешниот состанок во владата денеска и испорачаа 4 барања и десетина предлози
„ Да се донесе уредба дека платите на работничките и работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20% за време на кризата, како што е дефинирано со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Изминативе недели, многу фирми ги намалуваа платите за дури 50%, повикувајќи се на „виша сила“, што не смее да се дозволи, тврди сојузот на синдикати.
И прогресивен данок за они кои заработуваат повеќе, а ниту, денар помош владина за оние фирми кои отпуштаат работници во кризна состојба, побара синдикалците.
Владата експресно одговори и забрани отпуштања во фирмите кои добиле државна помош од 14.500 денари за работник. За работниците стасаа вообичаените честитки по повод празникот, од вицепремиерката Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, техничкиот премиер Оливер Спасовски и од лидерите на најголемите политички партии. Работниците не ги заборави и претседателот Стево Пендаровски честитајќи им го празникот.
Но, работниците сод година во година ја губат силата разединети и обесхрабрени. Само една третина од вработените во Македонија се членови на синдикат, а причините за изгубената доверба се политиката и мешањето на политичари во највисоките раководни функции во синдикатите покажа последното универзититеско истражување на оваа тема.
Повеќе од 130 години од ќотекот и смртта на работниците во Чикаго работниците во светот го чествуваат денот на трудот, работникот и борбата за неговите права.
Павле Беловски