
И СЈО клиент на ОТА – прислушувани 8 осомничени во истрагите на Јанева
Во 2018-та година имало вкупно 153 случаи на следење на комуникации согласно законски одредби, стои во годишниот извештај на ОТА.
За потребите на Специјалното јавно обвинителство се изведени вкупно 8 прислушувања, а дополнителни 5 се следења за потребите на полицискиот оддел за борба со организиран и сериозен криминал. За останатите 140 судски наредби за следење нема детали во годишниот извештај на ОТА.
ОТА почна да функционира од први ноември. Агенцијата само ги спроведува судските наредби за прислушување, а содржината ја доставува до органот кој барал следење.