
И си „лафат“ нормално и си спремаат кривични пријави
Напладне во кабинетот во МВР повторно имало средба меѓу министерот Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска. Повторно разговарале за отворените прашања. И повторно нема детали што решиле. Дополнителката заменичка министерка претходно одржа прес конференција на која спомна и паралелен систем во полицијата иако тврди дека во моментот нема докази за такво нешто. Петровска тврди дека нормално комуницираат со Чулев но дека не се откажала од тоа да му поднесе кривична пријава за наредбите кои ги повлече.
Чулев не одговори на тврдењата на дополнителната, а не одговори ниту на нашите повици и СМС пораки. Досега постави 14 нови началници и ги повлече последните наредби на Оливер Спасовски. Во тек се проверки и на стотиците разместувања во МВР направени во декември по новата систематизација пред Спасовски да замине во Илинденска како технички премиер. Петровска на конференцијата истакна дека полицијата треба да се грижи за безбедноста на граѓаните и за одржување на фер избори и дека тоа се постигнува со почитување на законите.
Миомир Серафиновиќ