И последниот пратеник во домашен притвор Мукоски бара слобода, се чека мислење на обвинителството

И пратеникот Крсто Мукоски бара да се брани од слобода.

Одлуката дали ќе му биде укинат домашниот притвор треба да ја донесе кривичниот суд откако и тој понудил гаранција во имот. Од судот велат дека го чекаат мислењето на обвинителството, извори од обвинитеството велат дека ќе го напишат утре. Претходно за пратеникот Сашо Василевски, обвинителството сметаше дека е подобро да се брани од слобода.

Инаку Мукоски е единствениот пратеник кој остана во домаше притвор за процесот за „Крвавиот четврток“. На денешното рочиште на кое сведочеше  загрозениот сведок беа отстранети медиумите. Образложението е поради безбедност за да не се открие идентитетот на сведокот чиј глас и лик се изменети при таквото сведочење.

Инаку судењето започна со адвокатите кои ги бранат обвинетите но и со нивни заменски за секој случај. Ова доаѓа откако вчера сите бранители беа казнети со по 1 000 евра и избркани од судница. Денес се чудат како судијката Кацарска ги остави како одбрана ама повика и по службена должност.

Од судот појаснуваат дека отстранувањето на јавноста било законско, додека резервните адвокати ќе останат и во следните рочишта за секој случај. Ако нема потреба после некое време ќе бидат отстранети  од постапката и исплатени трошоци за нив.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ