
И полицајци од толпата ги тепале колегите во инцидентот во Шуто Оризари
Три притвори, 4 мерки на претпазливост, и 7 крвични пријави за насилниците од Шуто Оризари. Епилогот на скандалот за наводно киднапирање се отплекува внатре во министерството за внатрешни работи. Освен 5 мината граѓани, двајцата полицајци и едниот цивил ги тепале и двајца вработени во МВР.
Полицијата се повлекува од информацијата дека тројката која возела џип без регистарски таблички се упатила во Шутка за да испитува гласини за киднапирања на деца. Минувале на главната улица приватно, а нерегистрираното возило без таблички е на вујко то на едниот полицаец. Телефоните на МВР не заѕвонеле , и никој не пријавил исчезнато лице, ниту киднапирање, освен претпоставки и пишувања на социјалните мрежи., тврдат оттаму.
Населбата се уште врие откако една недела циркулираат гласини дека децата се грабнуваат со сомнителни возила. Народниот правобранител ќе ја следи работата на институциите, и апелира што поскор да се смири тензијата за децата д се вратат во училиштните клупи.
24 –годишниот полицаец и жител на Блаце, сеуште се бори за живот во општата градска болница, откако разгневената толпа го претепа иако е вработен во полициската станица Чаир, И неговиот коелга заздравува дома, а предмет отвори и јавното обвинителство за организиран криминал кое треба да ги даде одгворите како дошло до инцидентот.
Павле Беловски