
И покрај противењето на бизнисот, Владата ќе ја зголеми минималната плата
И покрај противењето на бизнисот и забелешките од ММФ, Владата не отстапува од ново зголемување на минималната плата, откако еднаш веќе ја покачи на 12 илјади денари пред година и половина. Премиерот Заев за прв пат ги соопшти намерите минималецот да се зголеми напролет, иако уште нема детали колку би изнесувал законскиот пораст. Тоа ќе се знае по анализите и консултациите кои во моментов министерствата за труд и за финансии ги прават со работодавачите и со текстилниот и кожарскиот кластер, бидејќи таму е најтешко оптоварувањето. Тврди дека ќе се води сметка да не им се наштети на компаниите и да не се доведе во прашање нивната одржливост, а Владата, како и лани, ќе помогне во покривање на трошоците на фирмите.
Намерата наша ја објавивме, сите да ја знаат, бидејќи ние сме лево ориентирана Влада, каде гледаме да има рамномерна распределба на продуктивноста и доходовноста меѓу капитал факторот и работниците, со тоиа што државата е со намера преку континуирано зголемување на минималната плата, целта ни е да направиме вкупен ефект на подигање на платите во државата, преку отворање на спиралата на платите, ама со тоа да не им нбаштетиме на бизнисите, односно на нивната одржливост, вели Зоран Заев, премиер.
Бизнисот не е убеден. Дури 40 отсто од германските фирми кои работат овде сметаат дека годинава не треба воопшто да се зголемува минималецот, а 40 отсто прифаќаат само зголемувања од 3 до 5 отсто, покажала анкетата на Делегацијата на Германското стопанство.
На прашањето дали во текот на изминатата година се зголемила продуктивноста, дури 60 отсто од компаниите одговориле со не, а кај 40 проценти од испитаните компании се зголемила продуктивноста. На прашањето колку месеци пред да се донесе одлука за зголемување на минималната плата Владата треба да ги информира стопанствениците? Дури 85 отсто од анкетираните компании сметаат дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано, а само 15 отсто сметаат дека 6 месеци се доволно, се вели во анкетата.
Дури 65 отсто од фирмите одговориле и дека зголемувањето на минималната плата го немаат земено предвид во буџетот на нивната компанија, а го зеле предвид само 35 проценти.
Германските стопанственици предупредуваат дека покрај зголемувањето на персоналецот од стартот на годинава, ако се зголеми и минималецот, фирмите ќе се соочат со дополнителни давачки. Да не заборавиме и дека за продуктивноста дури 90 отсто од компаниите сметаат дека е на пониско ниво од земјите кои се конкуренција на Македонија во привлекувањето странски инвеститори, а новиот закон ќе влијае негативно врз атрактивноста на Македонија, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
А токму германскиот екепсерт пратен директно од Канцеларката Ангела Меркел, Валтер Дефа, кмој ќе биде специјален советник на Владата, денеска овде го имаше првиот работен ден. Ќе работиме чекор по чекор, вели вицепремиерот Анѓушев, на подобрување на економијата, преку дуалното образование, подобра законска регулатива и привлекување странски инвестиции, но и повеќе наши производи да се најдат на европските пазари.
Првиот негов совет беше е да се искористи моментот што земјава е најпозитивна вест секаде во светот, рече вицепремиерот Анѓушев.
За подобра економија надежите се и во оперативниот план за вработување, кој годинава ќе биде највисок и ќе тежи близу 18 милиони евра, наменети за обуки, преквалификации, и за младинската гаранција, меркиу кои се очекува да ја намалат невработеноста.
Нина Нинеска-Фиданоска