
И пешаците и возачите не се чуствуваат безбедно на улица
Лоша сигнализација, непочитување на сообраќајните знаци, несовесно возење се причини за се почестите собраќајни несреќи. Само вчера во Македонија се случиле 12 сообраќајни незгоди, едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Меѓу настраданите е и 11 годишно девојче.
Скопските булевари и улици не се безбедни за учесниците во сообраќајот. Граѓаните велат дека не се чуствуваат безбедно ни како пешаци ни во своите автомобили.
Пешачките премини како да ги нема. За автомобилите невидливи, пешаците не знаат каде да поминат а велосипедистите возат на улица, ваква е сликата во Скопје, каде што се загрозува безбедноста на учесниците, но и протокот на сообраќај.
Булеварите во градот и понатаму претставуваат опасност за пешаците.
Во последните три години според статистиката на МВР и податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, на македонските патишта биле загубени 450 животи.
Теодора Цветковска