И оваа учебна година нема решение за средношколците од тетовската гимназија Кзирил Пејчиновиќ

Сегрегацијата во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ и натаму продолжува. Учениците Македонци и натаму учат во објектите на старото медицинско училиште, одвоени од нивните врсници Албанци. Веќе трета година има најави дека ќе се започне со градба на објект во склоп на гимназија каде ќе се следи настава на Македонски јазик. Но, активностите на терен никако да започнат.

Причината за закочениот процес околу реализацијата на овој проект, централните и локалните власти меѓусебно ја префрлаат.

И минатата и оваа учебна година од Министерството за образование на прашање за тетовската гимназија излегуваат со ист став.

Министерството за образование и наука е максимално посветено и во координација со локалната власт прави напори за отпочнување на реализацијата на проектот за изградба на објект за потребите на ова училиште.По доставување на планската документација од страна на локалната самоуправа, службите во МОН дадоа забелешки за корекција на истата, со цел расчистување на сите предизвици од правен аспект, за да може проектот да се реализира,

велат од министерството.

Од Општина Тетово само кусо искоментираа дека работат на корегирање на грешките, поврзани со планската документација за изградба на објектот.

Од Секторот за јавни дејности, се надеваат на побрза реализација на проектот, но во меѓувреме како што велат, на учениците Македонци им се обезбедуваат нормални услови за следење на настава.

Гимназијалците кои следат настава на Македонски јазик уште во 2001 година поради безбедносни причини, го напуштија централниот објект на тетовската гимназија, каде сега нема просторни услови тие да се вратат. За изминативе 19 години тие учеа во распадните бараки, по основни училишта, на отворено на плоштад, а повеќе пари поради револт ја бојкотираа наставата.

Гимназијата е единственото училиште во Тетово каде децата учат одвоено

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ