
И оваа грејна сезона, БЕГ ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија
Балкан Енерџи Груп и оваа грејна сезона ќе ја испорачува топлинската енергија кон скопјани.Град Скопје не успеа да ја преземе топловодната мрежа од снабдувачот БЕГ бидејки мрежата како што тврди градоначалникот Шилегов е дивоградба.Постапката за легализација е во тек и не се исклучува можноста ново формираното претпријатие Градски енергетски системи да ја добие лиценцата за управување со мрежата и сред сезона
„По легализацијата и запишување на сопственоста, ќе побараме од владата, мрежата да ни ја даде на користење, со што ќе се стекнеме со услови да можеме да влеземе во постапка за издавање на лиценца за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија“, вели Петре Шилегов градоначалник на Град Скопје.
Снабдувачот БЕГ објаснува дека топловодната мрежа никогаш не била третирана како дивоградба но дека постапката за легализација е во тек. Од таму укажуваат дека лиценцата за користење на мрежата е со важност до 2047 год. односно 35 години.Лиценцата е во целосна согласност со новиот закон за енергетика а обврските што произлегуваат од тоа уредно се исполнуваат објаснуваат од таму.Подготовката за новата грејна сезона е согласно планот што е гаранција за непречен старт на истата и реализација на сезоната до април 2019-соопштуваат од БЕГ.
Главни приоритети на претпријатието Градски енергетски системи треба да биде поврзување на Топланата Север со топловодната мрежа и тоа преку изградба на цевковод долг 2 километри и ширење на мрежата во другите делови од градот.Според уверувањата на Град Скопје така ќе се намали загадувањето и ќе се намалат цените за парно греење.Во моментов само 23 % од површината на Скопје е покриена со топловоден систем а на него се приклучени само 17% од домаќинствата.
Виолета З Стојановска