И машиновозачите од железница ќе возат за Германија

Јохан е од  Битола и работи како  машиновозач во Македонски железници. Но само уште кратко – планира за брзо да ја напушти земјава и да оди за Германија. Не само привремено, туку за трајно – сака да ги повлече и своите најблиски, зошто вели тука нема егзистенција, се е на молење. Тој е само еден од повеќето граѓани кои камерата на „Телма“ ги најде пред Германската амбасада.

Условите се подобри, платите се подобри од тука и работата што ја имам најдено е подобро. Ќе возиме како воз тука што е таму трамвај. Дали сте квалификувани за тоа дали сте од македонски железници: Да. Плнирам да ги повлечам со спојување на семејство да дојдат и децата и жената. Подобро ќе биди, вака да се молиш па со плата, дал ти дал или не дал плата,па да правиш протести и тоа не го бива, велат граѓаните.

Повеќе од една година виза чекаат и другите граѓани кои ги најдовме пред германската амбасада. Велат процедурата  си ја фатиле на време и сега очекуваат полесно да  добијат виза. Од вчера Германија ги отвори вратите и за македонските работници – олеснети се условите за влез на квалификуван кадар.

Бизнисот пак стравува од дополнителен, масовен одлив на работинци.

Ни се стеснува кругот околу  вешти работници, квалификувани работници и уште потрагично е тоа што вложувањето во тие луѓе, во тие работници, навистина влогот и инвестицијата оди во некоја си друга економија. Од интерни информации добиваме некоја си бројка од стотина одобрени визи од Германската амбасада во текот на една работна недела

Владата тврди прави се што може да ги задржи младите дома.

Од вчера во Германија стапи на сила новиот закон со кого процесот за издавање визи за квалификуваниот кадар кој доаѓа од земји надвор од ЕУ  се стеснува од 4 до 6 недели. На овие работници  ќе им бидат достапни сите работни места за кои се квалификувани, а не само оние кои биле прогласени за дефицитарни во Германија. Неодамна од Германската амбасада изјавија дека и без овие олеснети услови годишно издавале во просек по 10.000 визи за Македонци.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ