
И Кочан бара летово да не оди во затвор
Бизнисменот Сеад Кочан побарал од Кривичниот суд да не оди во затвор на 17 јули, датум на кој требаше да започне со издржувањето на затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.
Судија за извршување на санкција веке одлучил велат од кривичен за Телма, но не ја откриваат одлуката, дали му ја одложиле казната и летово ќе остане на слобода или сепак ќе треба да се појави во затвор за две недели. Велат постапката е во фаза на достава, и додека не го информираат Кочан, нема да соопштуваат во јавност.
Кочан барал да му се одложи издржувањето на затворската казна според една од осумте точки предвидени во законот која се однесува на итна незавршена работа.
Закон за извршување на санкции/ Одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор, четврта точка:
Осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета;
За каква работа станува збор од судот не откриваат. Од одбраната нема информации.
За оваа точка законот предвидува дека осудениот може да добие одложување на казната до најмногу 3 месеци. На одлуката на судијата за извршување на санкции право на жаба во рок од три дена имаат и Кочан и СЈО.
Кричивен минатото лето ја објави првостепената пресуда за Труст. Кочан доби 6 години затвор второ обвинетиот Василие Авриовиќ 2 години. Сафет Ватиќ доби ослободителна. Со пресудата на Аплеација казнате паднаа. За Кочан на 4 години и 8 месеци а за Авриовиќ на условна.
Со пресудата е предвидена и конфискација во вредност од 17 милиони евра колку што тежи споредниот тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол кој го добил козорциумот од три фирми.
Ова требаше да биде и првата посериозна сума што ке се заврти на бројчаникот за вратени пари. Но иако пресудата е е правосилна а голем дел од сумата замрзната според последните информации се уште не е извршена конфискација.
Елена Иавновска Мукоска