
И екс претседателот на Кривичен Рибарев сведочел за АКМИС-от
По експретседатeлите на Врховен и Кривичен, Вангеловски, Бајлозова и Панчевски и поренешниот в.д претседателот на Кривичен Стојанче Рибарев, минатата недела бил во скопското обвинителство и одговарал како сведок за предистрагата за АКМИС системот за делењето на предмети, потврдуваат од скопското обвинителстово за Телма. Дали и други поранешни претседатели ќе бидат повикани за сега не се открива. Се планира и да се направи техничка експертиза на АКМИСОТ во однос на тоа како функционира, велат од обвинителството.
Дополнитлено обвинителството се уште чека и одговор од Судскиот совет за тоа дали го разгледале на седница и каков заклучок донеле за извештајот на комисијата за правда, која откри многу нерегуларности во делењето на судските предмети и со распоредите на судиите.
Претседателот на Врховен Јово Вангеловски, кој сведочеше во обвинителството кажал дека и тој формирал комисија која го анализирала системот за електронска распределба на судксите предмети, па обвинителството го побарало и овој документ од највиоскиот суд, но се уште не го добиле, потврдија од скопското обвинителство.