И денеска полиција околу Собранието

Околу Собранието и денеска има засилено полициско обезбедување. Од МВР потврдија дека се преземени соодветни мерки базирани на безбедносни проценки.

Во текот на вчерашниот ден, беше зголемен бројот на полициски патроли во неколку реони во неколку градови во државата, одговорија од прес службата на МВР за Телма.

Во текот на ноќта во Виница било запалено и возило на пратеничката Славица Шуманска Митева. МВР соопшти дека непознати сторители го искршиле стаклото на автомобилот и со запалива течност подметнале пожар во кој изгорел автомобилот Сеат Леон.

Од полицијата велат дека истрагата треба да ги открие мотивите за инцидентот и дали е поврзан со вчерашното изгласување на законот за употреба на јазиците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ