
И бездомниците добиваат заштита против короната
Близу 100 бездомници секоја среда и петок добиваат топол оброк во Момин Поток. Во овие вонредни услови јадењето се дели на отворено. Останатите денови во неделата мобилни екипи на Црвениот Крт патролираат низ скопските улици и им делат храна, дезинфициенски, маски и ракавици на луѓето кои живеат на улица.
Од Црвениот Крст на Град Скопје велат дека во услови на пандемија има повеќе луѓе кои доаѓаат во пунктот да земат оброк и алишта.
Луѓето постари од 67 години откако стапи на сила полицискиот час , пакет храна од пунктот го подигаат до 11 часот. По 21 часот кога е забрането движњето за сите граѓани , капацитетите за привремено вдомување на бездомниците се зголемени, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Инаку во рамките на Црвениот Крст деноноќно функционира и Оперативен ценат за одговор при кастрофи . Тие ја следи состојбата со КОВИД 19 и како работат сите нивни општински организации низ земјава .Се прават анализи и планови за работа во услови на криза.. Раководителот на оперативниот центар Али Самет вели дека периодов најмногу работа периодов имаат во Дебар .
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека околу 30.000 постоечки корисници во системот на социјална заштита ќе добијат плус 1.000 денари плус во април и мај.
Теодора Цветковска