
И архитектот Кензо Танге замислил 100-катници спроти Холидеј Ин, тврди Богдановиќ
Ќе има висококатници на паркингот наспроти ГТЦ во Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар тврди дека идејата за згради на таа локација е стара 50 години, но нема да дозволи градба по вкус на инвеститорот. Откако М.Г. „Фешн“ и „Обвновители“ на МПЦ купија од државата дополнителни 9.000 метри квадратни се погласни се најавите дека наскоро ќе се појави инвеститор, кој ќе достави план за градба до општината.
На сите три парцели во „Ново Маало 2“ според постојниот детален урбанистички план од 2012-та, може да се градат 60- катници без ниту еден квадрат зеленило. Во каква замка паднале локалната и градската власт говорат пропишаните карактеристики за оваа локација.
- Генерален урбанистички план предвидува: 1250 жители или 347 семејства, и 25 м 2 зеленило за жител.
- Детален урбанистички план од 2012-та дозволува : 3 парцели, по 3 објекти од 4,20 и 60 ката или 252 ката
За сега парцелите ги купуваат и укрупнуваат две фирми. Од пред еден месец бизнис дуото М.Г „Фешн“ на Зоран Антиќ и „Обновители“ на МПЦ се стекнаа со дополнителни 9.000 метри квадратни државно земјиште за 2,8 милиони евра од Транспорт и врски. Сумата ја уплатила фирмата на Антиќ изедначувајќи се со вложениот имот на Лешочкиот манастир, кој што го отстапил на „Обновители“, фирма во сопственост на МПЦ, очекувајќи станови и деловен простор доколку се изградат згради.
Павле Беловски