И адвокатите на страната на Кацарска, не таа, туку судот да одлучува за амнестиите

Судијката Добрила Кацарска ќе бара да биде изземена од случајот за „Kрвавиот четврток“ ако претседателот на судот Иван Џолев остане на ставот дека таа треба да ги амнестира истите кои ги суди. Во телефонски разговор за Телма потврди дека сите барања за амнестија кои вчера и ги вратил Кривичниот совет, таа денеска повторно ги пратила кај советот. Ако овој пинг-понг заврши кај неа таа одбива да ги суди оние кои ќе останат неамнестирани. И адвокатите се на исто мислење со судијката Добрила Кацарска. Сметаат дека не таа туку судот треба да реши кој ќе биде амнестиран, а кој не.

Во меѓувреме од судот молчат. Вчера претседателот џолев рече дека секој судија може да подлежи  и на санкции ако не ги почитува одлуките на судот. Според него најдобро е Кацарска да одлучува за амнестиите и рече дека тој последен ќе пресече. Денеска не одговара на нашите пораки.

Во меѓувреме последна бројка на поднесени решенија се 29 од најголемиот процес и 35 од останатие кои се поврзани со „Крвавиот четврток“. Петтемина кои не бараат амнестија се Игор Југ и Јане Ченто од патриотските здруженија, Митко Чавков и  Душко Лазаров од командниот штаб, и Игор Дурловски од „За заедничка Македонија“„. За разлика од Дурловски останатие негови колеги од иницијативата одлучија сепак да бараат амнестија.

Адвокатите на оние кој не прифатија да бидат амнестирани велат дека законот наместо да обединува внесе раздор.

Инаку и адвокатот на Дурловски, Еленко Миланов поднел барање за амнестија и покрај тоа што за сега не е ниту обвинетите ниту меѓу осомничените за настаните од собранието. Ова го објасни дека е за секој случај бидејќи законот е широк и непрецизен, дозволува секој да побара амнестија дури и ако за него се води истрага, па прашува прашува од каде би знаеле луѓето дали за нив се води истрага, па за секој случај требало да го фатат последниот воз за амнестија.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ